Италијанскиот заводник кој се прослави по победата на „Евровизија“, Дамијано Дејвид се почесто е во друштво на познатата актерка Доув Камерон.
Актерката е видена со Дамијано во Сао Паоло, Бразил како го напушта концертот на бендот „Манескин“ и заедно влегуваат во автомобил. Таа присуствувала и на концертот во Њујорк во септември.
Фронтменот на „Манескин“ претходно беше во врска со Џорџа Солери, а пред неколку месеци објави дека раскинале.