Дали некогаш сте се запрашале како Apple ги следи нарачките на iPhone и се осигурува да бидат доставени до местото каде што треба да одат?
На социјалните мрежи се појави интересна приказна за ова, а во неа се вели дека еден тиктокер нарачал четири модели на iPhone 15 Pro Max – еден со 1TB меморија, а три со 256GB простор.
@legends_gio Someone reallyyy screwed up 😭 #fyp ♬ original sound – Legends_gio
Покрај еден телефон од 1 TB, тој доби уште три кутии со 60 уреди iPhone 15 Pro Max – а сите имаа и 1TB простор.
@legends_gio♬ original sound – Legends_gio
Секој од 60-те телефони испорачани по случаен избор чини 1.599 долари, што значи дека вредноста на пратката е околу 96.000, а оригиналната нарачка чинела 3.600 долари.
Бидејќи телефоните се добиени по грешка и не се платени, Apple сигурно ќе побара нивно враќање, а во последниот случај може да го блокира нивното работење. Сепак, овој тиктокер во едно од неговите подоцнежни видеа тврди дека може да ги задржи, наведувајќи го, како што вели, закон кој вели дека е легално да се чуваат стоки што ви биле испратени, а вие не сте ги нарачале.