Македонските поп-ѕвезди на 30 ноември ќе пеат на концерт за кој влезниците ќе бидат бесплатни. Александар Митевски, Андријана Јаневска, Арбен Шакири, Верица Пандиловска, Искра Трпева, Пис брадерс, Маја Гроздановска-Панчева, Ребека Јанковска, Ристо Самарџиев, Кристина Арнаудова… се дел од ѕвездите што ќе бидат дел од настанот „99 мегаѕвезди“. Водители на настанот ќе бидат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски.
Концертот ќе се одржи во салата Јане Сандански, а за бесплатни билети посетителите ќе треба да се регистрираат. Правилата за регистрација ќе бидат објавени викендов.
За оние кои нема да успеат да резервираат влезници, пред салата ќе бидат поставени ЛЕД-екрани и шатори и ќе се служи бесплатен чај.
Најголем поддржувач на настанот „99 мегаѕвезди“ е Државната лотарија од каде најавуваат низа изненадувања во текот на вечерта.