Градскиот мешан хор ,, Вардар “ од Скопје вечерва ќе одржи Годишен концерт со композиции од европската и италијанска ренесанса под диригентсво на Марија Андонова, во Музејот на македонската борба за самостојност во 19 часот и 30 минути. дише Влезот е бесплатен.
На концертот публиката ќе има можност да се запознае со ренесансната ” а капела” музика од 15 и 16 век која мошне ретко се изведува кај нас. Оваа музика дише со специјален вокален стил што бил создаван во монументалноста на ренесансниот период со сложена полифона форма.
Градскиот мешан хор,, Вардар “ од Скопје во изминатиот период од 23 година во континуитет и со голем ентузијазам неуморно работи и презентира хорска музика, како во нашата земја, така и во странство постигнувајќи успеси и добивајќи признанија.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија.