Фреди Меркјури на денешен ден објави дека има СИДА, тој почина веќе следниот ден

Се ближи 32-годишнината од смртта на популарниот пејач, член на групата „Квин“, Фреди Меркјури, кој почина на 46-годишна возраст. На 23 ноември 1991 година, популарниот пејач објави дека има СИДА, а почина од бронхопневмонија веќе следниот ден.

Меркјури веќе имал симптоми на болеста во 1982 година, а во 1987 година му била дијагностицирана СИДА. Во 1992 година, концерт во негова чест се одржа на стадионот Вембли, за да се подигне свеста за СИДА-та.

Меркјури е роден како Фарок Булсара и беше британски пејач, текстописец и член на рок групата Квин. Како член на Квин, Меркјури постхумно беше примен во Куќата на славните на рокенролот во 2001 година, во Куќата на славните на текстописците во 2003 година и во Музичката куќа на славните во Велика Британија во 2004 година.

Имено, Меркјури и останатите членови на групата Квин ја добија наградата Брит за особен придонес во британската музика во 1990 година, а една година по неговата смрт ја доби истата награда, пишува нет.хр.

Scroll to Top