Често во текот на неделата наутро се будите уморни и ненаспани со мислата: дали ќе спијам доволно за време на викендот?
Сепак, се чини дека тоа не е само фраза. Шведската студија спроведена на 44.000 луѓе покажа дека можеме да го надоместиме пропуштениот сон.
Во текот на истражувањето, кое траело 13 години, биле следени испитаниците и нивниот ритам на спиење. Се покажа дека недостатокот на сон е опасен по здравјето, но тоа, за среќа, може да се надомести.
Луѓето кои спијат пет часа дневно го загрозуваат своето здравје повеќе од луѓето кои спијат препорачаните седум. Сепак, негативните здравствени последици се намалуваат кога ќе го надополниме недостатокот на сон за време на викендот или при првата погодна прилика.
Сепак, секогаш постои едно големо „но“. Истражувањето на научниците од Колорадо покажало дека таков метод функционира само на краток рок. Едноставно е, не можеме да спиеме само пет часа неделно и секој ден без негативни последици и потоа да го надоместиме пропуштеното време за викенд.
Испитаниците кои работеле на овој начин развиле поголем ризик од дијабетес. Студијата, исто така, покажа дека луѓето кои спијат помалку во текот на работната недела имаат тенденција да јадат доцни оброци, и соодветно на тоа, почесто страдаат од вишок килограми.
Можете да го надоместите пропуштениот сон, но треба да внимавате да не ви стане навика. Неопходно е да се придржувате до препорачаните седум часа сон, но исто така, доколку понекогаш ви се случи да имате непроспиена ноќ, немате причина за грижа.