Мишо Ковач заврши во болница

Познатиот пејач Мишо Ковач синоќа со брза помош бил пренесен на пулмолошкото одделение во болицата во Сплит.

Хрватските медиуми пренесуваат дека пејачот бил хоспитализиран со многу висока температура и дека е задржан на лекување.

Пејачот кој има 82-години и лани имаше здравствени проблеми. Поради висока температура и болест го откажа настапот на дочекот на Новата година во Вуковар. Една година порано тој прележа и корона.

Scroll to Top