Foto/ EPA
Вечерва во Хамбург беа извлечени групите за Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија. Но, при извлекувањето се случи неверојатен скандал во моментот кога беше извлечено Србија.
Во преносот на извлекувањето на групите повремено се слушаа звуци од порно филмови.
Во ждрепката учествуваа десет фудбалски великани, а некои луѓе заедно со водителите останаа вџашени бидејќи за време на ждрепката се слушаа несоодветни звуци.
Се чини дека најмногу изненадени беа Давид Силва и Брајан Лаудруп.
Ова не е првпат ждрепката во светот на фудбалот да биде погодена со ваков скандал. Извлекувањето на паровите во ФА Купот, кое го изврши Гери Линекер, го облежа ваков гаф, а потоа Јутјуберот „Jarvo69“ ја презеде одговорноста.
Германските медиуми јавуваат дека веќе е покрената истрага за да се утврди кој е одговорен за ваквиот скандал кој фрли голема дамка на долгоочекуваната церемонија.
WHOS PLAYING A SEX AUDIO IN THE EURO DRAW #NUFC pic.twitter.com/OQMUCbtNRa
— 𝓲𝓼𝓪𝓴 (@isakszn14) December 2, 2023
Silva’s embarrassment as he hears the inevitable sex noise at the Euro draw #EURO2024 pic.twitter.com/IzeosGut1Q
— Stockport1987 (@Stockport1987) December 2, 2023
Текстот (Видео) Скандал на ждрепката за ЕУРО – Во преден план звуци од порно филмови е превземен од МАКФАКС.