Новата фризура и боја на коса одлично и прилегаат, па оваа промена е хит кај познатата убавица Кејт Бекинсејл.
Актерката на која сме навикнати апсолутно сè да и одговара – и убава и згодна, успеа толку многу да изненади со новата промена, што се најде во центарот на вниманието; и сите ја коментираат со причина, бидејќи таа навистина успеа да се трансформира во сосема друга жена.
Познатата 50-годишна жена, која со години привлекува внимание со својата убавина, згодното тело и совршениот тен, ја скрати својата долга коса и ја обои руса, збогувајќи се со бринетите и се приклучи на таборот на русокосите.
Таа го претстави својот нов имиџ во романтичен бел аутфит кој ги истакна нејзините извајани, затегнати нозе.
Коментарите се позитивни и на актерката одлично и прилега платинестата руса боја, а се чини дека и самата одлично се чувствува во кожата на русокоса.