Принцот Хари еднаш ја симна сликата на неговата покојна баба, кралицата Елизабета Втора, па таа „не можеше да го гледа како се забавува“.
Според Педи Мекгинис, инцидентот се случил за време на луда забава пред многу години. Ѕвездата на „Top Gear“ тврди дека излегувал со Хари и голем број други ѕвезди и дека една ноќ го видел принцот Хари како ја отстранува сликата на кралицата за таа да не види што прави тој во клуб во Лондон.
Мекгинес ја раскажа приказната во подкаст и додаде дека принцот Хари ја прегрнал и бакнал пред да ја тргне фотографијата на кралицата „за таа да не го види“. Клубот, вели, имал тајна врата низ која влегувале и излегувале познатите личности.
Принцот Хари во младоста бил познат по лудите забави, а во своите мемоари признал дека користел и тешки дроги.