Актерот Леонардо ди Каприо (49) неодамна беше фотографиран во ноќен клуб со Лоти Мос (25), сестрата на познатата манекенка Кејт Мос.
Анонимни извори за „Дејли мејл“ изјавиле дека славниот актер и Лоти цело време седеле еден до друг, а клубот го напуштиле во раните утрински часови.
„Ги имате Леонардо и Лоти во иста просторија, секако дека ќе бидат привлечени еден кон друг“, рече еден извор, додека друг додаде:
Цело време зборуваа и се смееја, а клубот го напуштија во раните утрински часови“, вели тој.
Leonardo DiCaprio fue captado de fiesta con la hermana menor de su ex Kate Moss, Lottie https://t.co/OG2E6seB9u
— Infobae Venezuela (@infobaevzla) December 14, 2023
Леонардо ди Каприо и Кејт Мос беа еден од најпознатите парови на деведесеттите. Тие ја започнаа својата врска во 1993 година, но таа не траеше долго. Парот јавно призна следната година, во 1994 година, дека повеќе не се заедно.