За предновогодишниот концерт на балканската ѕвезда Теа Таировиќ утре во салата „Јане Сандански“ отврени за публиката ќе бидат и помошните трибини и галеријата. Организаторите велат дека билетите се речиси распродадени па поради големиот интерес пуштени во продажба се и билети на помошните трибини и во галеријата.
Таировиќ во Скопје ќе дојде со тим од 40 луѓе, а специјален гостин ќе и биде Војаж кој доаѓа со неговата танчерска екипа.
Концертот е најавен како „Теа Таировиќ на една ноќ во Скопје“. Се одржи во арената „Јане Сандански“, утре, со почеток во 20 часот.