Во едно од последните интервјуа, Бредли Купер откри како ја забранил употребата на столчиња на снимање на филм.
Во интервју за Variety, актерот зборуваше за својата одлука да стане режисер, но и за правилата што актерите и екипата морале да ги следат за време на снимањето на неговиот филм „Маестро“.
Имено, кога режира филм, Бредли Купер има одредени клучни насоки на снимањето.
„Тоа беше природна транзиција за мене, откако добив храброст да го напишам и режирам филмот, но кога режирам, нема столици. Отсекогаш сум мразел столици на сетови. Вие губите енергија штом седнете на столот“, објасни тој.
Купер откри и дека има претежно затворен сет, објаснувајќи дека никој не смее да влезе при снимањето. Само Стивен Спилберг како продуцент дошол три пати, но никој друг не смеел да дојде.
„Маестро“ неодамна имаше премиера во Лос Анџелес, а од 20 декември ќе биде достапен на Нетфликс. Освен Купер и Спилберг, на филмот работеа и Мартин Скорсезе, Тод Филипс, Ејми Дернинг, Фред Бернер и Кристи Макоско Кригер.
Заплетот на филмот ја прикажува романсата помеѓу Бернштајн и неговата сопруга Фелисија Монтеалегра која траела од 1951 година до нејзината смрт во 1978 година. Главните улоги ги толкуваат Бредли Купер и Кери Малиган.
Текстот (Видео) Бредли Купер откри зошто забранувал столчиња на снимање: Отсекогаш сум ги мразел е превземен од МАКФАКС.