Да видиме кој ќе ја однесе победата…
Оваа сабота, 23 декември, е ден за забава, но и судир на два концерти во Скопје.
Бидејќи секако живееме во општество поделено по сите основи, сакаме да нотираме дека и оваа сабота, Скопје ќе протече во тој стил, но сепак во многу позабавна форма.
Имено, нашиот главен град ќе биде место на одржување на два големи концерта – тој на Бајага & Инструктори во Јане Сандански и оној на Ацо Пејовиќ во Борис Трајковски.
Од една страна го имаме Бајага, old school изведувач, прифатен буквално од сите генерации со своите песни и хитови, а од друга страна, Аца Пејовиќ, кој ги дочека своите 5 минути кои еве траат веќе 5 години и благодарение на филмот „Тома“ ги полни салите ширум регионот пеејќи народна музика.
Дека Скопје ќе биде поделено на два музички табора во сабота зборува и фактот што нема многу луѓе кои се двоумат на што ќе одат, бидејќи се, според музичкиот вкус, определени или за она што го свират Бајага и Инструктори, или за она што го пее Ацо Пејовиќ.
Не треба да се бара победник во овој саботен дуел затоа што е евидентно дека ќе победи добрата забава во главниот град.