Сем Ашгари откри дека поминал низ прилична „трансформација“ по разделбата со Бритни Спирс. Како што пишува Page Six, поранешниот сопруг на познатата пејачка тврди дека во изминатите пет месеци ослабел од 15 до 20 килограми, а според фотографиите Ашгари изгледа послабо од било кога.
„Понекогаш кога сте во ситуација кога не сте толку фокусирани на себе, може да биде тешко да ги забележите вашите физички промени кои сите други ги забележуваат“, рече Ашгари, кој во август поднесе барање за развод од познатата музичарка. Тој додаде дека неодамна поминал низ „духовна“ и енергична промена“.
„Имам повеќе време за себе и повеќе се фокусирам на себе“, објасни тој и продолжи велејќи дека да се биде сам е навистина добра можност за поединецот да се фокусира на себе. Ашгари додаде дека и покрај тоа што трансформацијата следеше по неговото спорно разделување со поп-ѕвездата, тоа „не беше нужно од одмазда, туку од љубов кон себе“.