„Фрижидерите се добри да ги држат нештата ладни“, вели Киф Шнајдер, професор по безбедност на храна на Универзитетот во Флорида, за „simplerecipes.com“.
„Значи, ако имате мала чинија со остатоци од топла храна, нема проблем, можете да ја ставите во фрижидер. Но, ако имате литар домашен сос за шпагети, кој штотуку е изваден од шпоретот, не треба да го ставате во фрижидер“.
Шнајдер вели дека еднаш направил литар домашен сос за шпагети и не го оставил доволно да се излади пред да го стави во фрижидер. „Кога се разбудив следното утро, мојот фрижидер и се во него имаше температура од пријатни 21 степен. Морав да фрлам сè“, рече тој.
Ставањето на голема количина на многу топла храна во фрижидер предизвикува целиот фрижидер да се загрее. И ова создава совршена средина за репродукција на микроби на сè што е во фрижидерот: вака се создава „опасната зона“.
„Кога храната се остава во „опасната зона“ долго време, штетните, па дури и смртоносните бактерии, како што се E. coli и салмонелата, може да се удвојуваат на секои 20 минути, што значи дека мал број бактерии може брзо да се претворат во голема популација“, вели Дарин Детвилер, професор по политика за храна и корпоративна општествена одговорност на Универзитетот Североистерн.
Можете да оставите топла храна да се олади надвор од фрижидерот, но чувајте при рака термометар за храна. Обидете се брзо да ја изладите под 4 степени. Храната оставена во „опасната зона“ повеќе од два часа треба да се фрли.
4 совети за брзо ладење на храната:
Топлата храна поделете ја во плитки садови пред да ја ставите во фрижидер. Помалите порции овозможуваат храната побрзо да се олади.
Не ставајте садови во фрижидер додека храната целосно не се излади. Ова може да предизвика подолго време на ладење бидејќи топлината се пренесува на горните садови.
Проверете дали вашиот фрижидер е поставен на 4 степени или пониско и оставете простор за топли јадења за да обезбедите добра циркулација на воздухот од сите страни.
Потопете ги садовите во ладна вода или ставете ги во ледена бања за побрзо да ги намалите температурите.
На сите ни се случува. Оставете ја топлата храна да се излади на шанкот и целосно заборавете на неа. Како да знаете дали е безбедно да се јаде?
„Кога не сте сигурни, фрлете ја“, вели регистрираниот диететичар-нутриционист Џен Брунинг, портпарол на Академијата за исхрана и диететика. „Расипливата храна која се остава на исклучен шпорет, на масата за излет и слично, треба да се фрли доколку веднаш не се стави во фрижидер. Не си играјте со тоа, ниту со себе, ниту со другите“.