Откако му ја предаде својата империја на својот син, милијардерот и филантроп Џорџ Сорос беше снимен како се капе во водите на Барбадос со помош на четири асистенти.
Сорос (93) е виден како плива со придружба покрај плажата во Бриџтаун, главниот град на островската држава. Како што пишува „Дејли мејл“, Сорос по капењето се опуштил на плажа.
George Soros, 93, takes a dip in Barbados with the help of four-man entourage just months after billionaire hedge fund manager and philanthropist handed reins of his $25B empire to son Alex https://t.co/5YIifdr2pu pic.twitter.com/PG4RdG4h1e
— Daily Mail Online (@MailOnline) December 24, 2023
George Soros, 93, takes a dip in Barbados with the help of four-man entourage just months after billionaire hedge fund manager and philanthropist handed reins of his $25B empire to son Alex
via https://t.co/QRw1KAv7B8 https://t.co/JvR4DkDHCy— J (@Canifuwant2) December 24, 2023
Финансиерот претходно му ја предаде контролата на својата империја вредна 25 милијарди долари на синот Алекс, кој вети дека ќе ги искористи парите на семејството за да ги брани левичарските каузи.
Алекс (37) за „Волстрит журнал“ изјавил дека ќе ги прошири целите на својот татко, но и дека ќе прифати други, како што се абортусот и родовата еднаквост.
– Јас сум повеќе политички настроен – изјави наследникот на Сорос, кој за нешто повеќе од една година ја посети Белата куќа 14 пати и се сретна со важни личности меѓу демократите.
Тој рече дека е загрижен за можноста републиканецот Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, што укажува дека семејството ќе донира многу за демократите на претседателските избори во 2024 година.
Се сметаше дека Алекс е во втор план кога станува збор за наследување на семејното богатство. Многумина блиски до Сорос веруваа дека неговиот постар полубрат Џонатан (52) „ќе ги преземе уздите“.
Дејли Мејл пишува дека Сорос станал непопуларна личност за Трамп и неговите сојузници, а исто така бил гласен противник на Џорџ Буш, кој донирал милиони за да го спречи неговиот реизбор. Тој подоцна, исто така, направи големи донации за претседателските кампањи на Барак Обама и Хилари Клинтон.
Текстот (Фото) 95-годишниот Сорос ужива на плажа опкружен со своите асистенти е превземен од МАКФАКС.