Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл го поминуваат одморот на плажа во Мексико.
Палтроу (51) неодамна објави неколку фотографии на Инстаграм на кои во преден план се нејзините деца Епл (19) и Мозес (17).
Сепак, главна ѕвезда е Епл, која неодоливо потсетува на француската актерка Брижит Бардо, а сите следбеници на Палтроу останаа шокирани од овие фотографии. Своето изненадување тие го изразија и во коментарите.
View this post on Instagram
“Какво прекрасно семејство. Епл е малата Брижит”, е еден од безбројните коментари.