Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се во брак од 2016 година. Нивната венчавка во Венеција беше светски настан. Папараците со денови го опседнаа градот, а нивната веридба, за која никој не знаеше, беше посебна како свадбата.
Во подкастот на германски Билд, Бастијан раскажа како ја запросил Ана, а неверојатната приказна ги воодушеви сите. Како што истакна, инспирацијата ја добил од филмот „Нотинг Хил“ во кој Џулија Робертс и Хју Грант тајно влегуваат во затворен лондонски парк.
Со оглед на тоа дека во реалноста тоа е казниво со закон, Бастијан не можел да го изведе предлогот на ист начин, бидејќи и тој и Ана можеле да бидат уапсени за прекршување, но фудбалерот успеал и решил да изнајми цел парк во Лондон, имено, кога поминале покрај познатата градина Розмед, портата била отворена, според однапред испланиран договор, а сегашниот сопруг на Ана им предложил да влезат и да разгледаат.
– Знаев дека Ана е исклучително љубопитна. Кога влеговме внатре, ја запросив. Тоа беше целосно изненадување за неа – рече тој, а потоа откри дека, според традицијата, дозвола побарал и од нејзиниот татко.
-Одлетав за Белград и ја побарав нејзината рака. Добив уште неколку поени од семејството затоа што научив да поставувам прашање на српски.