Александра Пријовиќ за новогодишната ноќ пеела во еден белградски клуб, а во еден момент престанала да пее за да го бакне сопругот Филип Живојиновиќ.
Имено, додека таа ја пееше својата песна „Nine Lives“, нејзиниот сопруг излезе на сцената, а пејачката се наведна и го бакна, а потоа набрзо продолжи да пее со насмевка на лицето.
„Тоа не е љубов, тоа е посилно од љубовта“, напиша таа во видеото кое ги допре срцата на обожавателите.
„Прекрасни“, „Браво, само сакајте се“ и „Вие сте прекрасен пар“, се само дел од коментарите, а видеото собра речиси 420 илјади прегледи и повеќе од 27 илјади лајкови.
Медиумите потсетуваат дека пејачката неодамна објави нова песна „Последњи кабаре“ која собра речиси милион прегледи.