Пејачката Бритни Спирс ги демантираше неодамнешните медиумски написи на Инстаграм дека снима нов албум, нагласувајќи дека никогаш нема да се врати во музичката индустрија.
„Само да бидам јасна, повеќето вести не се точни. Постојано пишуваат дека правам нов албум. Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија“, рече таа.
View this post on Instagram
Таа вели дека пишува песни за други и дека во последните две години напишала неколку од нив.
„Кога пишувам, пишувам за забава или пишувам за други луѓе. За оние кои ја прочитале мојата книга, има многу што не знаете за мене. Напишав над 20 песни за други луѓе во последните две години“ вели Бритни.
Таа се осврна и на неодамнешните написи за нејзината книга.
„Луѓето велат и дека мојата книга е издадена нелегално, без моја дозвола, што е далеку од вистината. Дали ги прочитавте вестите овие денови? Јас сум сакана и благословена“, додаде таа.
Бритни проговори откако во странските медиуми се појавија написи дека им се обратила на уметниците Charli XCX и Julia Michaels за да и помогнат да направи нов албум.