Во Лос Анџелес синоќа се одржа 75. доделување на наградите „Еми“. Серијата на Ејџ-би-о, „Наследници“, мрачната и остра хроника за внатрешните расправии на богато дисфункционално семејство на чело на огромна медиумска империја, имаше дури 27 номинации и заврши со вкупно 6 награди „Еми“.
Серијата „Наследници“ ја добија наградата за категоријата најдобра драмска серија. Екипата на серијата исто така, ги зеде наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, кои им припаднаа на Киеран Калкин и Сара Снук. Наградата за најдобра машка споредна улога во драмска серија му припадна на британскиот актер Метју Мекфадјен.
Додека „Наследници“ доминираше во категориите за драмска серија, „Мечката“ освои 6 награди во категоријата хумористична серија, додека „Кавга“ во продукција на Нетлфикс доминираше во категоријата на кратки серии.
„Мечката“ освен што ја освои наградата за најдобра хумористична серија, доби и три актерски награди. Џереми Ален Вајт ја доби наградата за најдобар главен актер во хумористична серија, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач за најдобра споредна женска улога и најдобар спореден актер во хумористична серија.
Награда за најдобра актерка во хумористична серија е Квинта Брансон за „Основото Абот“. Актерката Џенифер Кулиџ доби награда „Еми“ за најдобра женска споредна улога во хумористична серија за улогата во „Белиот лотос“.