Српска инфлуенсерка го смени полот: Не можев да живеам како маж

Српската јутјуберка Николина Ковачевиќ објави видео на кое покажа како изгледа процесот на промена на полот. Инфлуенсерката објасни како „тешко е да се биде жена со машки генитален орган“ и откри дека долго време посакувала операција.

„Сакав операција за промена на полот бидејќи самата ја прифатив и откако дознав дека е можно дури и да го сменам полот и дека е можно да ја направам оваа операција. Тогаш имав десет години и ја чекав операцијата од 16 години, кога се прифатив себеси. Така, на таа операција чекав девет години. А зошто ја сакам? Затоа што едноставно не можам да живеам вака“, објасни таа.

 

Откако ги добила потребните одобренија од психијатар, таа конечно направила операција за промена на полот, а на своите следбеници им објаснила зошто решила да се оперира.

„Никогаш не се чувствував удобно во врските. Тешко е да си жена со машки генитален орган, кога тоа не ти се допаѓа. Никогаш не се чувствував пријатно во врските, секогаш се срамев. Секогаш се криев бидејќи не можев да правам нормални работи. Немав страв бидејќи стравот го сметам за илузија.Ова го работев исклучиво за себе, не за мажите и општеството. Јас живеам со тоа, не со семејството, општеството, момците. Благодарна сум на моето семејство затоа што ми се голема поддршка, тие биле со мене во секоја смисла и финансиски. Не би можела сама да си ја дозволам оваа операција“, објасни таа.

Scroll to Top