Ким Кардашијан е на удар на критики откако откри дека станала амбасадор на „Баленсијага“ една година откако брендот предизвика негативни коментари кај луѓето со кампањата во која има деца.
Реалити ѕвездата (43) се пофали со новото партнерство, пишувајќи дека нејзиниот однос со брендот е „изграден на посветеноста да го прави она што е правилно“. Таа претходно одби да ја прекине соработката со модната куќа, но изјави дека е „потресена“ од фотографиите кои ја згрозиле јавноста.
Нејзината одлука ги разочара фановите.
Луѓето коментираат: „Од сите брендови таа мораше да го избере оној со обвинувања за злоупотреба на деца“, „Сè што и е грижа, се парите“, „Колку лицемерно“, „Сè за пари“, „Таа не знае што е морал“, Срамно“, „Не научи ништо?“, „И по скандалот?“, „Навистина Ким?“, „Хорор“, се само дел од коментарите.