Модната куќа „Schiaparelli“ ја претстави својата колекција „висока мода“ за пролет/лето 2024 година во Париз и го пополни првиот ред со некои од најголемите светски имиња меѓу кои Зендаја и Џенифер Лопез.
За таа прилика, Џеј Ло донесе романса и хаос со нејзиниот изглед „Schiaparelli“ од глава до пети.
Суперѕвездата изгледаше неверојатно во преголем капут покриен со свежи ливчиња од бели рози и украсен со сребрено сонце со светки на грбот.
Палтото е направено од 7.000 вистински ливчиња од роза и се одржува свежо и живо со шеќерна вода, која е позната како нектар од колибри. Капутот специјално за неа го дизајнираше Данијел Розбери, како што напиша и самата ѕвезда на својот профил на „Инстаграм“.
Под палтото носеше џемпер, украсен со 3Д линии кои се спуштаа до нејзиниот стомак. Кога станува збор за долниот дел, таа носеше црни хулахопки кои на половината ги прицврсти со голем беж ремен со златни акценти.
Лопез го заврши изгледот со плишани потпетици со златни детали на предната страна, што одговараше на златните украси на нејзиниот појас, плус златни обетки и надреално златни очила за сонце кои беа направени да изгледаат како вонземски очи со впечатливи веѓи.
Лопез се нашминка во бронза и дебитираше со нова фризура – шик боб, стилизиран во залижан влажен изглед, со шпицови од коса што и го врамуваат лицето. Зендаја, исто така, покажа нова фризура на ревијата, нејзините препознатливи темно кафеави прамени трансформирани со променливи микро шишки, кои го врамија нејзиното чело и додадоа футуристичка атмосфера.