Пејачката Северина Вучковиќ ја загуби правната битка за старателството над синот Александар.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Врховниот суд одлучил старателството над нивниот малолетен син Александар целосно да му се врати на таткото на детето.
Бројни јавни личности од српската сцена и дадоа поддршка на нивната колешка, меѓу нив и Сека Алексиќ и Ана Бекута, а сега на својот Инстаграм профил се огласи и пејачката Наташа Беквалац.
Имено, Наташа ја сподели објавата на Северина со која напиша:
„Од вчера, кога ја прочитав оваа трагедија на вестите, срцето ми се кине. На Северина и посакувам натчовечка сила да го заштити и врати своето дете. Децата имаат место до својата мајка“, напиша Беквалац.