На пејачката Северина Вучковиќ и е одземено старателството над малолетниот син Александар (11).
Хрватската ѕвезда откри кога и како ќе може да го види своето единствено дете за кое е ненормално врзана.
„Едноставно кажано, ова всушност значи дека повторно ќе го видам моето дете кое го родив, воспитав и кое живее со мене од раѓање, во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд, сабота и недела“, објасни Северина.
„Го носам откако беше мала капка на дланка. Откако тој се роди, бевме само ние двајца. Прв заб, прва температура, први чекори. Тато повремено се појавуваше (како и денес) и си заминуваше. И тогаш одеднаш реши да стане татко. Оттогаш, речиси 11 години, траат тортурата и агонијата на мене и на моето дете. Сослушувања, рочишта, распити, извештаи, вештачења.
Јас сум мајка. Тој е моја капка на дланка и за него ќе се борам до последната капка крв.
Моето дете живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Се срамам од оваа држава што му прават такви работи на дете, што не смеам да зборувам за тоа за да не навредам некого.
Ја поминав целата голгота на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата од процедурални причини. Еднаш успеавте, овој пат нема“, напиша хрватската музичка ѕвезда на Инстаграм.