Готвачката на семејството Кардашијан: „Јадат тестенини и леб, но многу вежбаат“

Кристијан Уј, долгогодишнита приватна готвачка на семејството Кардашијан-Џенер, откри што сака да јаде славното семејство.

„Што се однесува до нивната исхрана, тие се навистина дисциплинирани. Тие немаат проблем понекогаш да јадат висококалорични оброци, се додека ја одржуваат својата фитнес рутина“, изјави Кристијан за „Page Six“.

„Да речеме дека јадат цело печено сирење, тоа ќе го надоместат со вежбање. Ќе јадат тестенини, сирење и леб, но сите се многу активни во однос на утринските прошетки и вежбањето во теретана, објасни таа.

Сепак, за некои од нив има посебна листа на храна што ја јадат или не – Кендал мрази лути пиперки, Кортни е веган, а Клои јаде пилешки гради и мисирка само кога сака да внесе повеќе протеини во телото. Таа истакна дека Кардашијан сака мексиканска, азиска и италијанска храна.

Кристијан, попозната како Шеф К, готви за Кардашијан скоро девет години. Започнала да работи со нив како приватна готвачка за Крис Џенер, а потоа почнала да готви за Ким, Клои, Кортни, Кајли и Кендал. Се занимава и со кетеринг за приватни настани за познатото семејство и ги подготвува сите семејни оброци за големите празници.

Scroll to Top