Големиот Сер Род Стјуарт, кој сите генерации го препознаваат по хитовите како „Sailing“, „The First Cut Is The Deepest“, „Rhythm Of My Heart“, „Tonight’s the night“, „Maggie May“ и многу други, неодамна наполни 78 години.
Роденденот го помина зафатен, како и обично, овојпат зафатен со промоцијата на новиот албум кој ќе излезе во февруари. Има и светска турнеја, па легендарниот британски рокер нема многу време за одмор.
И што прави кога не го прави тоа? Музичката легенда признава дека обврските ги планира во договор со семејството и се труди да ги прилагоди на распоредот на двата најмали сина. Тој е татко на осум деца и ужива во топлината на својот дом опкружен со луѓето кои најмногу ги сака.
Тој е голем љубител на фудбалот, што, како што вели, го должи на неговиот татко, кој ги заразил него и неговите браќа со љубов кон најважното споредно нешто на светот, а таа љубов ја пренел и на сопствените деца. И поради татко му, роден Шкотланѓанец, навива за шкотската репрезентација, а секако е еден од најпознатите навивачи на Селтик, на чии натпревари е добредојден гостин, често со своите деца. Така е уште од младоста кога по концертот во Глазгов се сретна со некои од играчите кои го поканија да им се придружи на тренинг.
Како страстен изработувач на железнички модели, тој смета дека секој треба да има хоби, занимање кое го окупира човекот додека не работи. За да го комплетира моделот на железничкиот град, за кој доби признание од професионален магазин, му требаа дури 23 години речиси секојдневен труд. Денеска признава дека можеби немаше да се впушти во таков потфат да знаеше колку време ќе потрае, но не се кае ни минута.
Покрај сето горенаведено, овој Британец двапати беше примен во Рокенрол Куќата на славните, добитник е на Греми награда, а во 2016 година беше прогласен за витез благодарение на неговиот придонес во музиката и хуманитарната работа. Тој е еден од ретките уметници кои можат да се пофалат со 16 синглови во топ 10 на топ-листата Billboard Hot 100. Со неверојатни десет албуми и 26 хит синглови се најде на врвот на топ листите во Велика Британија, како и со 17 албуми и 16 хит синглови во САД.
Во рамките на својата светска турнеја, тој ќе го одржи својот прв концерт во Белград на 17 мај 2024 година.
„Искрено сум возбуден за мојот прв концерт во Белград и со нетрпение очекувам да настапам пред прекрасна српска публика. Можете да ги очекувате моите најголеми хитови, но и многу вистински изненадувања“, изјави Род Стјуарт пред неговиот концерт во Белград.