На денешен ден, пред две децении, Марк Цукерберг и уште неколку пријатели на Харвард ја започнаа мрежата „Thefacebook“.
Фејсбук стана глобален феномен, моментално има повеќе од три милијарди корисници.
Ретко кога некоја технолошка иновација довела до тектонски промени во општеството и јавниот дискурс, предизвикала цела низа промени во однесувањето, без разлика дали се работи за средби, дружење, информирање, размена на мислења, како што тоа го правеше Facebook.
Сè започна во 2003 година како апликација за оценување на изгледот на студентките на Харвард.
Марк Цукерберг се инспирирал од хартиениот водич на универзитетот „face book“, кој вклучувал фотографии од сите студенти и нивни лични податоци.
„Фејсмеш“, како што го нарекуваа, преку ноќ стана хит. За само неколку часа имаше повеќе од 22.000 прегледи.
Администрацијата на престижниот универзитет брзо го затвори, а на Цукерберг му се закануваше протерување, меѓу другото, и за нарушување на приватноста.
Не сакајќи да се откаже, на 4 февруари 2004 година заедно со уште четворица колеги го основа „Thefacebook“.
Првично, мрежата беше достапна само за студентите на Харвард, но таа брзо се прошири за да ги вклучи универзитетите во Колумбија, Стенфорд и Јеил. Не помина долго време пред да се прошири на сите колеџи на Ivy League и „the“ беше отфрлено.
Конечно, на 26 февруари 2006 година беше лансиран „Фејсбук“ за сите корисници на возраст над 13 години. Иако не беше првата социјална платформа за собирање луѓе („МајСпејс“), „Фејсбук“ беше поинаков.
Фактот дека самиот јазик е променет покажува колкаво влијание има оставено врз целиот општествен дискурс. „Лајкови“, „следбеници“, пишување на „вол“. Зборот на годината во 2009 година беше „непријател“.
Како што минуваа годините, имаше се повеќе корисници, сега ги има повеќе од три милијарди. Стекнувањето пријатели стана онлајн.