Многу фанови беа воодушевени од веста дека четвртата сезона на популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“ е во продукција – но не и жителите на Париз. Гневните мештани пишуваа графити низ целиот град, односно на местата каде вообичаено се снима серијата.
Фанови од различни делови на светот доаѓаат во Париз и се фотографираат пред местата од серијата. Тие посетуваат продавница за чевли, која се наоѓа на истиот плоштад како и станот на Емили (Лили Колинс) во серијата и позираат пред ресторанот во кој работи Габриел (Лукас Браво).
Emily in Paris Season 4 est…in production!
J'adore. 💙🤍❤️ pic.twitter.com/BEX6EQbfT3
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) January 19, 2024
На едно кафуле на истата улица со големи букви е напишано „Емили не е добредојдена“ во знак на протест против обожавателите на серијата. Парижаните повеќе не го поднесуваат напливот на фановите и го нарекуваат „инвазија на морони“, пишува Дејли Мејл.
Графити има насекаде, дури и на блиската фонтана. Неодамнешниот напис во францускиот дневен весник „Монд“ беше насловен „Тие мислат дека го поседуваат соседството. Емили во Париз – инвазивен сосед“.
Жителите на Париз веруваат дека туристите имаат нереални и романтични очекувања од Франција поради серијата. Во серијата на Нетфликс, главниот лик (Емили) доаѓа во Париз, се дружи со локалното население, заведува некои од нив, живее луксузен живот и воопшто не зборува француски.
Како резултат на тоа, посетителите на градот можат да доживеат културен шок кога реалноста не ги исполнува нивните очекувања.
На 18 јануари 2024 година, Лили Колинс, ѕвездата на серијата, случајно потврди дека таа и остатокот од екипата на Емили почнале да работат на нови епизоди во Париз. Таа објави дека „конечно ја запознала нејзината екипа Емили во Париз“ и дека „се чувствува толку добро“.
После тоа се огласи и самиот Нетфликс. „Емили во Париз Сезона 4 е во продукција! Ја сакаме“, напишаа покрај фотографијата на Лили Колинс.