Популарната пејачка се прослави на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, а потоа започна успешно да ја гради својата музичка кариера.
Теа Таировиќ ја освои публиката со своето пеење, но и со атрактивен изглед, специфичен стил и танцување, што е незаменлив дел од нејзините настапи и спотови.
За својот настап, таа сега избра сценски костим во златни нијанси што ја истакнува нејзината фигура и заигра на сцената.
На една социјална мрежа се појави видео од концертот на популарна пејачка, а нејзиниот танц предизвика лавина коментари.
„Дали Теа Таировиќ е новата Лепа Брена“, стои на страницата на Инстаграм во описот на видеото.
Оваа споредба, како и танцот на пејачката, предизвикаа спротивставени коментари.
Додека едни ја пофалија Теа Таировиќ, на други не им се допадна споредбата со Брена.
„Просто“, „Што не е со неа“, „Како може ова да се случи во 21 век“, „Брена е единствена, нема замена на повидок“, се дел од коментарите на оваа објава на Инстаграм.