Јелена Розга во рамки на турнејата „Минут срца мог“ одржа концерт во Арената Борис Трајковски во Скопје. Додека публиката едногласно ја пееше песната „Опрости мала“, пејачката ја совладаа емоциите и се расплака на сцената.
„На овој свет има секакви солзи, среќни и помалку среќни. Ова се радосни солзи, солзи поради вас, кои ме прегрнавте со емоции и ми го исполнивте срцето со љубов. Ти благодарам Скопје, што ми ја покажа моќта на љубовта синоќа. Ве сакам“, напиша таа покрај видеото од концертот што го објави на Инстаграм.
Инаку, Розга таа песна ја изведе со групата Магазин на Дора во 2006 година, а песната заврши на нејзиниот истоимениот деби албум.