Александра Пријовиќ направи лудило во Осиек.
На првиот од петте концерти во преполната сала дојдоа да ја поддржат целото нејзино семејство и луѓето од Хрватска со кои порасна.
Ги разнежни сите кога на сцената го донесе четиригодишниот син Александар.
Очекувано просторот каде се одржуваше концертот беше исполнет до крај. Пејачката одржа прес-конференција и разговараше со новинарите за концертот и идните планови. На новинарско прашање дали ќе го посети родното место, Александра рече: „Синоќа спиев таму“.
Александра Пријовиќ ќе настапи во Осиек денеска, 14 февруари, како и на 15, 17 и 18 февруари.