Нетфликс објави сцена од третата сезона на својата популарна викторијанска серија „Бриџертон“. Серијата е базирана на книгите на писателката Џулија Квин и раскажува за животот на децата од семејството Бриџертон и англиското општество. Секоја сезона го прикажува развојот на љубовната приказна меѓу двата главни лика, а во третата сезона тоа е романсата помеѓу Колин Бриџертон и Пенелопе Федерингтон.
На објавеното видео се гледа сцена каде што Пенелопе (Никола Кофлан) и Колин (Лук Њутн) се расправаат. Пенелопе не одговарала на писмата кои тој и ги праќал, а како одговор го соочува со изјавата што ја дал на крајот од втората сезона. Изјавата се однесува на тоа дека тој никогаш не би ѝ се додворувал.
За потсетување, третата сезона од популарната серија ќе се прикажува на Нетфликс во два дела. Првиот дел ќе биде прикажан на 16 мај 2024 година, а вториот дел на 13 јуни 2024 година и ќе има вкупно осум епизоди.