Музичарот Славчо Крежески, родум во Струга, кој подолг период работи и живее во Швајцарија објави песна и видео спот.
Крежески раскажа дека пред извесно време стапил во контакт со екипа од Нови Сад – Србија, со која работат на неговите први две песни, кои се испеани на српски јазик и за кои беа издадени и видео записи.
„Спотовите беа изработени од страна на Драган Андреј Шариќ, кој воедно ми е голема подршка во се што правам во мзуиката. Во меѓувреме снимив и неколку кавер верзии на песни кои лично ми се свиѓаа. По овој период веќе сватив дека е време да се посветам на Македонската музика и да се претставам на Македонската јавност како музичар. Остваривме први контакти со Дарко Андонов, македонски артист, композитор и музички продуцент, а и сопственик на “DAAN Music Production”. Се договоривме првично да ми прати некои негови идеи за кои што има демо снимки и така меѓу една од песните за прв пат ја слушнав “Одведи ме дома”, раскажа тој.
Kако авторски тим зад песната “Одведи ме дома” стојат Кире Јакимов кој беше задолжен за музиката и текстот и Дарко Андонов задолжен за аранжманот и снимањето.
„Веднаш се пронајдов во песната, како што би се пронашле и многу наши иселеници кои заминале од Македонија поради финансиски или системски причини. Верувајте сите тие сакаат да си дојдат дома, таму каде што се родиле, каде што останала душата, каде што си го гледаат сопствениот мир и спокој. Се надеваме дека оваа песна ќе допре најмногу до нив, а и до сите Македонци“, рече тој.
Плановите за во иднина се врзани со DAAN MUSIC PRODUCTION.