Емили Ратајковски предизвика бурни реакции за нејзината последна објава на Инстаграм.
32-годишната манекенка објави неколку фотографии од кревет каде позира гола и покажува дијамантски прстени на раката.
„Прстени за развод“, напиша Емили на објавата.
Некои следбеници во коментарите и порачаа дека не им е јасно што сака да постигне со оваа објава, но најмногу критики добила затоа што позирала гола.
„Да бевте некогаш облечени, можеби ќе останевте во брак“, „Зошто се сликате гола? Каков пост е ова?“, „Убава си, но ова е навистина глупаво од тебе“, „Која е целта да објавувате разголени фотографии“, „Што се разводни прстени и зошто ги презентирате додека сте целосно голи?“, се дел од коментарите под објавата.
Емили Ратајковски се разведе од Себастијан Бер-МекКлард во 2022 година. Поранешниот пар има син Силвестер Аполо Бер, кој е роден во 2021 година, а во брак беа четири години.