Џенифер Лопез привлече внимание на улиците на Њујорк.
Фотографите ја фатиле додека излегувала од станот. Таа беше облечена во црни панталони, бел топ, бели патики и кафена бунда. Сето тоа го искомбинирала со очила за сонце.
Неодамна таа предизвика реакции со фотографија од теретана. Џенифер позираше во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка“, праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.