Сите Јапонци би можеле да имаат исто презиме за 500 години, доколку на сопружниците во брачна заедница не им се дозволи да имаат различни презимиња, посочува неодамнешно истражување.
Тоа е спроведено како дел од кампањата за промена на „Граѓанскиот законик“ од 19. век кој налага дека сопружниците мора да имаат исто презиме, пишува „Гардијан“.
Во научниот труд, предводен од Хироши Јошида, професор по eкономија на Универзитетот нa Тохоку, се истакнува дека ако „властите продолжат да инсистираат“ сопружниците да бираат едно презиме (најчесто она на мажот – во 95 отсто од случаите), до 2531 година секој Јапонец ќе се презива Сато-сан. Јошида вели дека за истражувањето биле користени неколку претпоставки и оти неговата идеја била да се користат статистички податоци за да се објасни потенцијалното влијание на постоечкиот систем врз јапонското општество.
– Ако сите станат Сато, можеби ќе треба да се викаме само по име или по број. Мислам дека тоа не би било добар свет за живеење, изјави Јошида.