(Видео) Лени Кравиц објави видео од теретана и ги изненади луѓето со изборот на облеката за вежбање

Музичарот Лени Кравиц објави видео од теретана на Инстаграм и изненади многумина со изборот на облеката за вежбање.

59-годишниот музичар носеше кожени панталони, мрежеста маица, чизми и очила за сонце.

„Фала му на Бога за денес! Благодарен сум за се и никогаш не сум бил подобар. Се е можно“, вели тој во описот на објавата која предизвика многу коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

„Кој вежба во кожени панталони? Само Лени“, „Каква легенда си ти“, „Само Лени може да вежба во оваа облека и да не трепне“, „Ова треба да стане тренд“, „Ова е лудо“, „Јас не можам да поверувам дека овој човек има речиси 60 години“, „Те обожавам, вежбај како што сакаш“, „Овој изглед е предобар“, напишаа фановите.

Лени Кравиц често добива комплименти за својот изглед. Минатата година ги воодушеви обожавателите со видеото за песната TK421 во кое се појави гол.

Scroll to Top