Јавното претпријатие Лајка повика на добра забава со маски за крзнените пријатели.
„Облечете го вашето домашно милениче во неговиот најатрактивен костим, не заборавајте да се маскирате и вие и дојдете на маскенбалот на ЈП Лајка на Школка во Градски Парк на 14 април во 12 часот. Ќе избираме најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди“, велат од „Лајка“.
Како и на сите настани, Лајка и овојпат има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче.
Без разлика дали сте искусен сопственик на домашно милениче или размислувате да додадете миленик во вашето семејство, овој настан е за вас, велат од „Лајка“.