„Дури има добри уши, ќе има добра музика. Страста е бран што се подига од трепетот во себе, и ако има некој да го врати назад, тој повратно заплиснува со радост и обновена зголемена енергија. Нема подобра формула за долговечност на уметникот (и тука не се мисли на биолошката) од таа кога тој има точна и возбудена публика. Жива публика што со него дише, со него умира и со него повторно се раѓа. А бендовите лесно се растураат и се распаѓаат. Неретко е нестабилна таа хемија. И после триесетина години, ако сте преживеале заедно, се знае дека нема да е свежо, но барем ќе е зрело. Сега ми паѓа напамет зборот Мисија. Тоа е гласот што доаѓа однатре и те гони да ја проповедаш вистината и љубовта“ – Бранислав Николов, познат и како „Пијан Славеј“, македонски музичар – член на групата „Фолтин“ и писател.
Целото интервју на ЛИНКОТ.