Симптоми кои укажуваат дека имате слабо железо

Железото е есенцијален минерал кој мора да се внесува во организмот, особено кај жените.

Помага во производството на црвени крвни зрнца и одржување на имунолошкиот систем, а има големо влијание врз вашето тело и како се чувствувате. Врз основа на некои симптоми, можно е да се открие дали ви недостасува железо во крвта и која храна може да помогне да се намали ризикот од недостаток на железо.

 

Важно е да се има на ум дека железото е клучна хранлива материја која игра витална улога во одржувањето на здравјето. Недостатокот на железо може да има сериозни ефекти врз телото, вклучувајќи замор, слабост, па дури и анемија, а препознавањето на знаците на недостаток е клучно за да останете здрави.

Симптоми кои укажуваат на недостаток на железо:

Замор и исцрпеност

Чувството на замор може да биде еден од најчестите симптоми на недостаток. Железото игра клучна улога во формирањето на хемоглобинот, протеин во црвените крвни зрнца кој овозможува пренос на кислород од белите дробови до ткивата.

Бременост

Друга состојба на жената, а тоа е бременоста, е поврзана со фактот дека на идните мајки, како и на бебињата, им е потребно железо. Затоа се проверува состојбата за навреме да се реагира и доколку е потребно да се зголеми внесот на железо.

Дополнително е комплицирано со фактот дека симптомите поврзани со бременоста може да бидат исти симптоми како и за недостаток на железо како што се замор, слабост, проблеми со концентрацијата, студени раце и нозе…

Недостаток на енергија и несвестица

Ако забележите после вежбање, што вообичаено го правите, дека ве болат мускулите и нозете – и ова може да биде еден од симптомите. Исто така, во случај вашите физички активности да станат премногу напорни или отежнати, можно е да ви недостига железо бидејќи недостатокот од него ја намалува издржливоста на телото.

Кршливи нокти и коса

Црвените крвни зрнца помагаат во снабдувањето на ткивата со кислород и хранливи материи, вклучувајќи ги ноктите и косата. Недостатокот на железо може да предизвика недостаток на овие основни хранливи материи, што резултира со кршливи нокти кои лесно се кршат и коса која е сува, слаба и склона кон кршење.

За превенција, задолжително вклучете во исхраната здрава и урамнотежена исхрана богата со железо, како спанаќ, грашок, лосос и суво овошје.

Зголемена чувствителност на студ

Недостатокот на железо може да влијае на циркулацијата на крвта, што може да резултира со намален проток на крв во периферните делови од телото, како што се рацете и нозете. Ова може да резултира со чувство на постојан студ или зголемена чувствителност на студ.

Ако забележите некој од овие симптоми, важно е да побарате совет од вашиот лекар за да го провери нивото на железо во крвта и да добиете соодветни упатства за третман.

Scroll to Top