Се наближува датумот на почетокот на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз по точно 100 години. Познатата актерка Хали Бери ја има честа да го понесе олимпискиот оган во Кан, пред да започне големиот настан, пишува Page Six.
Булеварот Француска Ривиера ќе биде привремено затворен од 11 до 13 часот по локално време, за да може Хали да минува непречено. Сопствениците на некои продавници го изразија своето неодобрување и незадоволство од таа одлука бидејќи нема да имаат пристап до нивните продавници.
Од друга страна, има и такви кои со нетрпение чекаат да ја видат актерката во живо. „
Ќе биде неверојатно да се види како го носи факелот“, рече еден од обожавателите, додавајќи: „Тоа е можност што се случува еднаш во животот“.