Веста за смртта на актерот Доналд Сатерленд објави неговиот син, познатиот актер, Кифер.
„Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Никогаш не бил заплашен од некоја улога, без разлика дали тоа беше добра, лоша или грда. Тој го сакаше она што го работеше и го работеше она што го сакаше, не можете да барате повеќе во животот. Добро проживеан живот“, објави тој заедно со стара фотографија.
Кифер е едно од петте деца на Доналд Сатерленд, а заедно глумеа во три филма – Max Dugan Returns (1983), Forsaken (2015) и A Time to Kill (1996).