Кристијано Роналдо објави фотографија на Инстаграм на која позира со својот 13-годишен син Кристијано Џуниор во домашната теретана, а еден детаљ им падна во очи на навивачите. Имено, забележале дека има црн лак на нозете, а за тоа има добра причина.
Роналдо нанесе заштитен слој од специјален лак за да ја намали можноста за појава на габи или бактерии на неговите нокти.
Познатиот фудбалер не е единствениот кој ги бои ноктите на нозете. ММА борците, тркачите и боксерите нанесуваат слој заштитен лак на нозете, но фудбалерите се особено подложни на габични инфекции околу ноктите на нозете бидејќи секојдневно поминуваат часови и часови потејќи се во копачки и се повеќе склони кон повреди на прстите.