На 88-годишна возраст почина албанскиот писател, Исмаил Кадаре.
Исмаил Кадаре е роден во 1936 година во Ѓирокастро, мало гратче во планините во јужна Албанија.
Напишал многу познати дела како „Генералот на мртвата војска“, „Големата зима“, „Куклата“.
Она што треба да се истакне е неговиот град, каде што го напиша романот „Хроника во камен“, тој е дел од светското наследство под заштита на УНЕСКО.
Книгите на Исмаил Кадаре се преведени на повеќе од 45 јазици. Многу од неговите дела биле забранети во тогашна комунистичка Албанија.
За време на неговиот живот, тој освои неколку меѓународни награди.
„Албанија и Албанците денес го загубија својот литературен гениј, својот духовен еманципатор, балканскиот поет на нивните митови, Европа и светот го загубија еден од најистакнатите претставници на модерната литература“, рече претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.