Актерката Тори Спелинг е фотографирана како ужива на плажа во Лос Анџелес.
51-годишната ѕвезда од серијата Беверли Хилс 90210 осамна во ситно зелено бикини, а обожавателите беа изненадени од тоа колку килограми изгубила.
Актерката со години се бори со вишокот килограми, а во својот подкаст призна дека користела лек за дијабетес кој многу познати личности го земаат за да ослабат.
Медиумите потсетуваат дека актерката годинава се разведе од сопругот Дин Мекдермот, а минатата година беше снимена како живее со своите пет деца во мотели и кампер поради финансиските проблеми со кои се соочуваше.