Се одржа светскиот ден на чоколадото. Според Календарот на светски денови, девет од десет луѓе сакаат чоколада, додека околу 1 милијарда луѓе јадат чоколадо секој ден.
Чоколадото се добива од семето на тропското дрво Теоброма (Theobroma cacao). Какаото се одгледува најмалку три милениуми и расте во Мексико, Централна Америка и Јужна Америка. Најраната позната документација за користење семе од какао е од околу 1100 п.н.е., додека во Европа е донесено во 1550 година.
Бидејќи семките од какао дрво имаат многу интензивен, горчлив вкус, тие мора да ферментираат за да го развијат вкусот. Откако ќе се ферментираат, преработувачите ги сушат, чистат и печеат зрната. По печењето, лушпата се отстранува за да се добијат грутки од какао, кои потоа минуваат низ процес на мелење создавајќи какао маса, која е чиста чоколада во груба форма.
Во мај 2024 година, цената во малопродажба на какаото и чоколадото во прав во ЕУ била за 6,3 отсто повисока отколку во мај 2023 година, покажуваат податоците на Евростат, според кои цена на какаото и чоколадото во прав, веќе е во пораст од почетокот на 2022 година со годишна стапка на инфлација од над десет проценти.