Новак Ѓоковиќ синоќа доминираше на теренот на Вимблдон против Данецот Холгер Руне, а неговата сопруга Јелена повторно воодушеви со својот стил на трибините.
Јелена Ѓоковиќ во друштво на синот Стефан ги разубави трибините со своето намалено, но исклучително ефективно издание составено од најобична бела маичка и длабоки панталони во лежерен крој во беж боја, а ѕвездата на стајлингот беше црно сако од твид со впечатливи, суштински детали.
View this post on Instagram
Златните обетки го комплетираа стајлингот на оваа дама, додека минималната шминка и лежерното коњско опавче ја истакнаа природната убавина на Јелена.
Кога легендарната Коко Шанел го дизајнираше иконското сако од твид, таа сакаше да ги облече жените во костуми во кои тие се чувствуваат удобно, но кои сепак ја истакнуваат нивната женственост.
Седумдесет години подоцна, твид сакото, горниот дел од иконскиот костум, е популарно како тогаш, и не само благодарение на Шанел.
Твид сакото доживеа бројни редизајни и освежен изглед во нови материјали, бои и кроеви, посебно под дизајнерската палка на Карл Лагерфелд. Носено како сако за потоплите денови или како сако под топло палто, ова модно парче е навистина едно од оние во кои вреди да се инвестира.